Штипска Клиничка болница објави колку интервенции и прегледи се извршени за 11 месеци
- Клиничка болница-Штип денеска објави колку специјалистички прегледи и интервенции се извршени на речиси сите одделенија во болницата во период од 11 месеци, или од 1 јануари до 1 декември 2025 година. Во пишаното соопштение од Клиничка болница-Штип, кое е објавено на социјалните мрежи се наведува дека болницата во Штип е клучна алка во здравствениот систем и носител на најголемиот товар во источниот регион. Во него се наведува дека и покрај ограничениот број на вработени, или какошто пишува „само 415 посветени професионалци, нашиот колектив секојдневно обезбедува квалитетна, навремена и достапна здравствена услуга“.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.