• петок, 05 декември 2025

Шкендија прими гол во 100. минута и испушти победа над Јагелонија

Шкендија прими гол во 100. минута и испушти победа над Јагелонија

Скопје, 6 ноември 2025 (МИА) – Актуелниот македонскиот фудбалски шампион Шкендија вечерва одигра нерешено 1:1 со Јагелонија во 3. коло од Конференциската лига.

Шкендија поведе во 49. минута со голот на Лиридон Латифи.

Гостите од Полска се спасија аод пораз во последните секунди. Се играше 90+10. минута кога Лозано ги постави конечните 1:1.

Јагелонија последните четири минути играше со фудбалер помалку, но и тоа не беше доволно македонскиот тим да го сочува водството.

По три кола Шкендија е на 21-та позиција со четири освоени бода, Јагелонија е на 14. позиција со пет бодови. зс/

Фото: Фејсбук Шкендија

Остани поврзан