Шефот на Советот на ЕУ вели дека санкциите на САД ја загрозуваат независноста на МКС

Брисел, 7 февруари 2025 (МИА) - Шефот на Европскиот совет Антонио Кошта предупреди дека санкциите кон Меѓународниот кривичен суд (МКС) се закана за поширокиот судски систем, откако американскиот претседател Доналд Трамп го казни судот поради неговите истраги за Америка и Израел.
„Санкционирањето на МКС ја загрозува независноста на Судот и го поткопува меѓународниот кривично правосуден систем како целина“, напиша Кошта, кој го предводи телото што ги претставува 27-те земји-членки на ЕУ, на X. зш/