• петок, 05 декември 2025

Шест лица се повредени, меѓу кои и две деца, во ноќниот напад во Одеса и регионот

Шест лица се повредени, меѓу кои и две деца, во ноќниот напад во Одеса и регионот

Киев, 25 ноември 2025 (МИА) - Шест лица се повредени, меѓу кои и две деца, во ноќниот напад во Одеса и истоимениот регион, објави претседателот на регионалната воена администрација на Одеса, Олег Кипер, на својот Телеграм канал.

-Ноќе, Одеса и регионот беа подложени на уште еден масовен напад со беспилотни летала. Предизвикана е штета на цивилни и енергетски објекти. На некои места, избувнаа пожари во пристанишните и енергетските инфраструктурни објекти, а опремата беше оштетена, информираше Олег Кипер.

Службите за итни случаи продолжуваат да ги елиминираат последиците од најновиот удар. мс/јт/

фото: Мапа

Остани поврзан