Шведска ќе ја запре помошта за пет држави, а средствата ќе ги пренасочи кон Украина
- Шведска наредните години постепено ќе ја укинува помошта за пет земји, а средствата ќе ги искористи за да ја зголеми поддршката за Украина, соопшти денеска шведската Влада
Стокхолм, 5 декември 2025 (МИА) – Шведска наредните години постепено ќе ја укинува помошта за пет земји, а средствата ќе ги искористи за да ја зголеми поддршката за Украина, соопшти денеска шведската Влада.
Како што најави министерот за меѓународен развој и надворешна трговија, Бенџамин Дуса, Шведска планира да ја запре помошта за Зимбабве, Танзанија, Мозамбик, Либерија и Боливија.
- Украина е најважниот надворешнополитички и хуманитарен приоритет на Шведска, и затоа Владата ќе ја зголеми помошта за Украина на најмалку 10 милијарди шведски круни (1,06 милијарди долари) во 2026 година, наведе Дуса. ми/мс/
фото: МИА архива