• вторник, 30 декември 2025

Трамп на средба со Нетанјаху: Постигнат голем напредок во петминутен разговор

Трамп на средба со Нетанјаху: Постигнат голем напредок во петминутен разговор

Вашингтон, 29 декември 2025 (МИА) - Средбата на американскиот претседател Доналд Трамп со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху започна денеска кратко по 20 часот по централноевропско време, во имотот на Трамп Мар-а-Лаго во американската држава Флорида.

Трамп им рече на новинарите дека веќе е постигнат „голем напредок“ на самиот почеток од разговорот, објави Си-Ен-Ен.

„Веќе постигнавме голем напредок. Имавме средба од околу пет минути и веќе решивме најмалку три прашања“, им рече американскиот претседател на новинарите во отворениот дел од средбата.

Претходно, Трамп објави дека ќе разговара за „пет главни теми“ со Нетанјаху, вклучувајќи ја и Газа, за време на нивниот состанок во Јужна Флорида. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан