• четврток, 11 декември 2025
Чорба од спанаќ и тиквици

 

Многу вкусна чорба, лесна и брза за подготовка

 

         Состојки:

  • 1 праз, ситно исецкан
  • 1 голем компир, исечен на коцки
  • 2 средни тиквички исечени на коцки
  • 200 грама свеж спанаќ
  • 3 чаши зеленчукова супа
  • 1/2 лажичка куркума во прав
  •  сол, мелен црн бибер и маслиново масло

Подготовка:

Спанаќот измиен и исцеден пропржете го во малку маслиново масло додека не омекне. Извадете од тавата и оставете настрана.Во тенџере, на загреано маслиново масло, но на умерена температура, испржете ги кратко празот, компирите на коцки, тиквичките, додате ја куркумата и зачинете, пржете сè заедно две минути прелијте со супа и гответе околу 10 минути. Додадете го спанаќот, и на умерена температура гответе уште 10 минути. Да ја добиете саканата текстура, изблендирајте. Доколку сакате, додадете павлака. Уживајте!!

 

 

Фото: Фрипик

Остани поврзан