• понеделник, 15 декември 2025

Членките на Здружението ,,Вредни росомански раце" подготвија и донираа храна за лица со попреченост

Членките на Здружението ,,Вредни росомански раце

Кавадарци, 13 декември 2025 (МИА) - Со цел да се подигне свеста за рамноправност и недескриминација, како и да се разбијат предрасудите, членки на Здружението „Вредни росомански раце" донираа домашно приготвена храна за лица со попреченост во Кавадарци. Претседателката на Здружението, Весна Јаневска денеска појасни дека исто како лани, одлучиле годината исполнета со многубројни активности да ја завршат со хуманитарен настан што сакаат да стане традиционален. 

- Членките на нашето здружение произведуваат и преработуваат храна од Тиквешкото поднебје, ние ја промовираме и презентираме традицијата на регионот. Сакавме преку храната подготвена од наши раце, да им покажеме на овие жители на Тиквешијата дека секогаш ја имаат нашата поддршка. Да им покажеме дека тие се нераскинлив дел од заедницата. Преку дружба со нив и преку храната за која рекоа дека е преубава и превкусна, успеавме да ги израдуваме. Воедно ја упативме и пораката, дека сите луѓе на светот се еднакви и дека различностите треба да се почитуваат, подвлече Јаневска за МИА. 

Светот е поубав кога сите сме различни, е мотото, под кое, минатата и оваа година, тие готвеа со многу љубов, апелирајќи за прифаќање на поинаквоста. Бидејќи, како што нагласи Јаневска, човечноста го прави светот подобро место за живеење. свд/мч/

Фото : ,,Вредни росомански раце"

Остани поврзан