• сабота, 22 февруари 2025

Четири лица загинаа во сообраќајка во БиХ

Четири лица загинаа во сообраќајка во БиХ

Бањалука, 23 јануари 2025 (МИА) – Четири лица загинаа денеска во сообраќајна несреќа што се случи во местото Радешине под Челебиќи на магистралниот пат Мостар – Јабланица.

Министерството за внатрешни работи на Херцеговско-неретванскиот кантон (ХНК) соопшти дека загинале сопружници од Турција и нивните две деца, кои починале на пат кон болница.

Третото дете кое било во возилото е пренесено во болница во Сараево и лекарите се борат за неговиот живот.

Во несреќата учествувале камион и автомобил во кој се превезувало петчленото семејство. јт/

Фото: Херцеговско-неретвански кантон

Остани поврзан