Централното претседателство на ДУИ го избра Фатон Положани за в.д. претседател на огранокот на партијата во Струга
- На денешната седница на Централното Претседателство на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), одржана во Кичево, беше одлучено Фатон Положани да биде именуван за Вршител на Должноста Претседател на Огранокот на ДУИ во Струга.

Скопје, 8 февруари 2025
На денешната седница на Централното Претседателство на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), одржана во Кичево, беше одлучено Фатон Положани да биде именуван за Вршител на Должноста Претседател на Огранокот на ДУИ во Струга.
Оваа одлука е продолжение на процесот на внатрешни реформи во ДУИ, кои се засновани на строги правила на ветинг и консултации со членството на ДУИ во Струга, како и со мнозинството граѓани на Струга.
ДУИ започна нова ера на транспарентност и отчетност.
Фатон Положани е млад и докажан политичар кој својата политичка ангажираност ја започна како посветен активист за граѓаните на Струга.
Тој со посветеност ја извршуваше функцијата Заменик министер за транспорт, при што покажа високи способности и одговорност во својата работа.
Со оваа одлука, ДУИ не само што ги продолжува своите длабоки реформи базирани на високи етички стандарди, туку и јасно покажува дека способните и докажани млади кадри преземаат клучни позиции за изградба на политичката иднина на земјата.
Демократската Унија за Интеграција останува посветена на носење конкретни промени, поддржувајќи лидери со интегритет и јасна визија за развојот на Струга.
Се овластува ВД Претседателот на Огранокот да спроведе консултации со членовите на месните совети и да предложи ВД Претседатели на месните совети, ВД членови на Претседателствата на месните совети и ВД членови на Претседателството на Огранокот.
Демократската унија за интеграција
___________________________________________________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: ДУИ