Целосна реконструкција на улицата „Боро Менков“ во Скопје Север
- Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски денеска изврши увид во тековните активности за целосна реконструкција на улицата „Боро Менков“ во населбата Скопје Север.
Скопје, 10 декември 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски денеска изврши увид во тековните активности за целосна реконструкција на улицата „Боро Менков“ во населбата Скопје Север. Од општината информираат дека градежните работи напредуваат со одлична динамика.

Покрај обновата на улицата, Општина Бутел ќе реконструира и дел од паркинг-просторот, како и пешачките патеки во населбата. За подобрување на патната и комуналната инфраструктура, локалната самоуправа вложува вкупно 27.000.000 денари, додека целокупните инвестиции во Скопје Север достигнуваат 1.000.000 евра.
Градоначалникот Костовски посочи дека реализацијата на овие инфраструктурни проекти претставува исполнување на предизборните ветувања за еднаков и рамномерен развој на сите населени места во општината. дма/
Фото: Општина Бутел