Холандско село ќе наплаќа влезници за туристички престој
- Селото минатата година го посетиле 2,6 милиони луѓе, што е огромен број за место со само 100 жители.
Зандам, 25 декември 2025 (МИА) - Историското село Зансе Сханс, близу Зандам, западна Холандија, од претстојната пролет ќе почне да им наплаќа влезница на туристите. Цената на билетот ќе биде 17,50 евра.
Селото минатата година го посетиле 2,6 милиони луѓе, што е огромен број за место со само 100 жители. Директорката на Музејот на Зансе Сханс, Марика Вервеј објасни зошто властите сакаат да воведат влезници. Таа, имено, раскажа како посетителите честопати и не знаат дека луѓе живеат тука, па влегуваат во нивните градини и куќи, се опуштаат во нивните градини, тропаат на вратите, фотографираат и користат стапчиња за да ѕирнат во куќите... Затоа, оваа општинска одлука за селото познато по своите ветерници - не е изненадување.
- Во 2017 година имавме 1,7 милиони посетители. Оваа година се движиме кон 2,8 милиони. Но, ова е мало место. Ние, едноставно, немаме место за сите овие луѓе, изјави Вервеј.
Мнозинството од Советот на Општината го поддржа планот предложен од Колегиумот на градоначалници и советници, според којшто, приходите од влезниците ќе се користат за долгорочно одржување и управување со ова познато место со историско наследство. Сепак, одлуката предизвика и спротивставувања кај мештаните, политички набои, како и отворено несогласување од претприемачите кои работат таму.
Советот претходно го отфрли барањето за референдум за воведување на влезниците. си/ми/
Фото: Википедија