• петок, 05 декември 2025

Холандскиот Апелациски суд одби да ги олабави правилата за асистирано самоубиство

Холандскиот Апелациски суд одби да ги олабави правилата за асистирано самоубиство

Хаг, 2 декември 2025 (МИА) – Апелацискиот суд на Холандија ја потврди одлуката на првостепениот суд дека Владата не смее да ги олабави правилата за асистирано самоубиство.

Холандија беше првата држава во светот што ја легализираше евтаназијата и асистираното самоубиство во 2002 година, но под многу строги услови. Тие се дозволени само со помош на лекар, кој мора да утврди дали пациентот страда „неподносливо и без изгледи за подобрување“. Лекарот треба да се консултира со друг доктор.

Здружението „Cooperative Dernière Volonté“, кое го брани правото на граѓаните да го завршат својот живот без помош на лекари или властите, поднесе тужба против државата во 2022 година, тврдејќи дека овие ограничувања го кршат правото на пациентите да изберат како и кога ќе умрат.

Сè поголем број Холанѓани избираат да бидат еутаназирани, а нивниот број во 2024 година достигна 9.958. Тоа е зголемување за 10 проценти во споредба со претходната година.

Во Холандија во случај на евтаназија лекар вбризгува смртоносен лек на пациентот, додека при асистирано самоубиство, докторот ја обезбедува смртоносната супстанција, но пациентот самиот ја зема. ми/ссм/

фото: МИА архива

Остани поврзан