• петок, 21 февруари 2025

Хезболах подготвува величествен погреб за убиениот лидер, најавува стотици илјади луѓе

Хезболах подготвува величествен погреб за убиениот лидер, најавува стотици илјади луѓе

Бејрут, 21 февруари 2025 (МИА) - Либанското движење Хезболах ќе го погреба својот лидер Хасан Насрала на голема церемонија во недела, речиси пет месеци откако беше убиен во израелски воздушен напад.

Насрала беше убиен на 27 септември во израелски воздушен напад за време на неговиот состанок со командантите во бункер во јужните предградија на Бејрут. 

Хезболах сега сака да се обиде да демонстрира политичка сила со голем погреб, откако беше значително ослабен во војната против својот јужен сосед.

Насрала ја предводеше шиитската група низ деценискиот конфликт со Израел, трансформирајќи ја во воена сила со регионално влијание. Тој беше еден од најистакнатите арапски личности од неговата генерација.

На погребот во јужните предградија на либанската престолнина ќе му се оддаде почест и на Хашем Сафиедин, предводникот на Хезболах во неделата по смртта на Насрала, кој подоцна исто така беше убиен во израелски напад. Ќе биде погребан ден потоа.

„Погребот е отскочна даска кон следната фаза. Величенствениот погреб со стотици илјади луѓе е начин да им се покаже на сите дека Хезболах сè уште постои, дека тој сè уште е главниот шиитски актер во Либан“, рече Моханад Хејге Али од Центарот за Блискиот Исток Карнеги. паг/

Фото: Икс



 

 

 

 

Остани поврзан