• сабота, 13 декември 2025

Харден првиот НБА играч кој постави рекорд во постигнување поени со два различни тима

Харден првиот НБА играч кој постави рекорд во постигнување поени со два различни тима

Лос Анџелес, 23 ноември 2025 (МИА) - Ѕвездата на Лос Анџелес клиперс, Џејмс Харден, стана првиот кошаркар во НБА-лигата кој постави рекорд во постигнување поени во еден натпревар за два различни тима.

Во победата од 131:116 над Шарлот Хорнетс, Харден синоќа постигна 55 поени, најмногу во еден натпревар во историјата на Клиперс. Тој исто така имаше три скока и седум асистенции.

Со Хјустон Рокетс во 2019 година, Харден двапати постигна 61 поен во еден натпревар, што е тимски рекорд. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан