• петок, 21 февруари 2025

Хамас: Ќе го спроведеме договорот за примирје во Газа, ќе ги ослободиме заложниците според планираното

Хамас: Ќе го спроведеме договорот за примирје во Газа, ќе ги ослободиме заложниците според планираното

Рамала, 13 февруари 2025 (МИА) - Хамас денеска соопшти дека ќе ги ослободи израелските заложници според планираното, со што треба да се реши големиот спор што се закануваше да го попречи примирјето во Појасот Газа.

Палестинската група во соопштението наведува дека ќе го спроведе договорот за примирје со Израел и дека египетските и катарските посредници потврдиле дека ќе работат на „отстранување на сите пречки“.

Во соопштението се вели дека уште тројца израелски заложници ќе бидат ослободени во сабота.

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан