• сабота, 22 февруари 2025

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Ерусалим, 21 февруари 2025 (МИА) - Портпаролот на израелската војска Даниел Хагари денеска изјави дека киднаперите од палестинската милитантна група Хамас ги убиле децата Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“ неколку недели по нивното киднапирање на 7 октомври 2023 година, во јужен Израел, чии тела му беа предадени на Израел во четвртокот.

„Можеме да потврдиме дека бебето Кфир Бибас, старо само 10 месеци, и неговиот постар брат Ариел, четири години, беа брутално убиени од терористи додека беа држени како заложници во Газа најдоцна до ноември 2023 година“, рече Хагари, според Тајмс оф Израел.

Хагари нагласува дека двете деца не се убиени во израелски воздушен напад, како што тврди Хамас, и ја повика меѓународната заедница да ги осуди нивните убиства како злосторства против човештвото.

„Оваа проценка се заснова и на форензички наоди и на разузнавачки информации што ги поддржуваат овие наоди. Ги споделивме овие наоди, разузнавачки информации и форензика со нашите партнери ширум светот за да можат да го потврдат тоа“, рече Хагари. Тој додаде дека разговарал со таткото на децата, неодамна ослободен, заложникот Јарден Бибас.

Хагари истакна дека Хамас не го предаде телото на мајката на децата, Шири Бибас, која требаше да биде вратена во Израел со нив како дел од договорот за прекин на огнот во Појасот Газа.

Тој рече дека Хамас наместо нејзиното го предал телото на непозната жена која не била држена како заложник.

Хагари повтори дека Израел бара телото на Шири Бибас брзо да им биде предадено на израелските власти во согласност со договорот. Тој изјави дека форензичките вештачења потврдиле дека терористите го убиле заложникот Одед Лифшиц (83), чие тело во четвртокот и било предадено на израелската армија. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан