• недела, 11 јануари 2026

Фреј: Демонстрантите во Минеаполис да не одговараат со хаос на политиките на Трамп

Фреј: Демонстрантите во Минеаполис да не одговараат со хаос на политиките на Трамп

Минеаполис, 11 јануари 2026 (МИА) – Градоначалникот на Минеаполис, Џејкоб Фреј, синоќа ги повика демонстрантите да се воздржат од насилство по убиството на активистка од страна на агент на имиграциската служба во Минесота, порачувајќи им „да не се фаќаат на јадицата“ на американскиот претседател Доналд Трамп.

Фреј, кој е претставник на Демократската партија, нагласи дека секакви незаконски дејствија би му оделе во прилог на републиканецот Трамп.

Предупредувањето доаѓа во време кога низ целата земја се подготвуваат протестни маршеви поради убиството на 37-годишната Рене Гуд, мајка на три деца, која беше застрелана од службеникот на Бирото за имиграција и царина (ICE), Џонатан Рос (43).

- Не смееме на хаосот на Трамп да одговориме со наш сопствен хаос. Тој сака да се фатиме на неговата јадица, изјави Фреј на брифинг со новинарите.

На истата прес-конференција, началникот на полицијата во Минеаполис, Брајан О'Хара, соопшти дека еден полицаец бил повреден за време на судирите во петокот, кога беа уапсени 29 лица за време на протестите против имиграциските власти. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан