• вторник, 30 декември 2025

Фишер нов тренер на Мајнц

Фишер нов тренер на Мајнц


Берлин, 7 декември 2025 (МИА) – Бундеслигашот Мајнц го назначи денеска Урс Фишер за нов тренер, потпишувајќи договор до лето 2028 година.
Се очекува 59-годишниот Фишер да го има своето деби на клупата на Мајнц во вторник во натпреварот против Лех Познањ во Конференциската лига.
Фишер во Мајнц доаѓа на местото на Бо Хенриксен, кому во средата му беше врачен отказ по серија слаби резултати.
Мајнц нема победа во германското првенство од септември и се наоѓа на 18 место на табелата со шест бодови.
Фишер ќе го предводеше Унион Берлин од 2018 до 2023 година и со клубот од германската престолнина дебитираше во Лигата на шампиони.ег
ФОТО: ЕПА

Остани поврзан