Филип Стевановски избран за нов директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип
- Филип Стевановски е избран за нов директор на Националната Установа Центар за култура (НУЦК) „Ацо Шопов“ во Штип. Стевановски доаѓа на местото на досегашната директорка Кристина Атанасова – Арсова. Стевановски е продуцент, пијанист, тромбонист и композитор, магистар по џез науки, а вработен беше како професор во Државниот музички училишен центар (ДМУЦ) „Сергеј Михајлов“ -Штип, со решението од денеска е директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“- Штип.

Штип, 24 јануари 2025 (МИА) - Филип Стевановски е избран за нов директор на Националната Установа Центар за култура (НУЦК) „Ацо Шопов“ во Штип. Стевановски доаѓа на местото на досегашната директорка Кристина Атанасова – Арсова. Стевановски е продуцент, пијанист, тромбонист и композитор, магистар по џез науки, а вработен беше како професор во Државниот музички училишен центар (ДМУЦ) „Сергеј Михајлов“ -Штип, со решението од денеска е директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“- Штип.
Стевановски своето основно образование го завршил во Куманово. Своето школување го продолжува во „Илија Николовски – Луј“ Скопје, а подоцна своето образование го усовршува во Америка.. Завршува два факултети вокално инструментален оддел класична музика и џез оддел. Филип Стевановски е директор на детскиот фестивал „Весело Штурче“ во Штип, а го предводеше и мини оркестарот кој оваа година за првпат ги придружуваше сите учесници на Фестивалот на забавна музика „Макфест“.вдј/бт/
Фото: МИА