• сабота, 10 јануари 2026

Уставниот суд на Косово поништи 13 закони поради процедурални пропусти

Уставниот суд на Косово поништи 13 закони поради процедурални пропусти

Приштина, 9 јануари 2026 (МИА) – Уставниот суд на Косово денеска донесе одлука за поништување на 13 закони кои беа усвоени на собраниската седница одржана на 5 декември 2024 година. Судот оцени дека законите се донесени спротивно на процедурите предвидени со Деловникот на Собранието.

Меѓу поништените акти се Законот за Државно биро за верификација и конфискација на неоправдано стекнат имот, како и законите за платен промет, задолжително здравствено осигурување, државна матура, Специјалното обвинителство и Медитеранските игри.

Одлуката доаѓа по барањето на пратениците на Демократската партија на Косово (ДПК), кои поднесоа жалба поради процедурални неправилности. Уставниот суд утврди дека за време на гласањето биле заобиколени роковите според кои меѓу првото и второто читање на законот мора да поминат најмалку 72 часа, освен во случаи на вонредна состојба.

Истовремено, Судот потврди дека три закони – за банките, за Централниот инспекторат за надзор на пазарот и за Управниот суд – се во согласност со Уставот.

Собранието на Косово спорните закони ги изгласа без присуство на опозицијата. ссм/ми/

фото: архива

Остани поврзан