• петок, 05 декември 2025

Успешна крводарителска акција во Делчево – собрани 78 единици крв

Успешна крводарителска акција во Делчево – собрани 78 единици крв

Делчево, 6 ноември 2025 (МИА) – Во просториите на Општинската организација на Црвениот крст Делчево денеска се одржа редовната ноемвриска крводарителска акција, на која беа собрани вкупно 78 единици крв.

Акцијата се реализираше во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, а од Црвениот крст информираат дека со оваа бројка повторно е потврдена високата хуманост на делчевчани.

– Благодарност до сите доброволни крводарители кои и овој пат покажаа дека со едноставен, но значаен гест – дарувањето крв – се дарува живот, порачуваат од ООЦК Делчево.

Организаторите најавија дека редовните крводарителски акции ќе продолжат и во наредните месеци, со цел да се обезбеди доволна количина крв за потребите на здравствените установи и да се помогне на сите на кои им е неопходна.

Дополнително, од организацијата апелираат до сите граѓани кои можат и сакаат да даруваат крв, да се приклучат на наредните акции, бидејќи секоја единица крв може да спаси три човечки животи. вс/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан