• недела, 11 јануари 2026

Укината забраната за сообраќај на камиони на патниот правец Струга – ГП „Ќафасан“

Укината забраната за сообраќај на камиони на патниот правец Струга – ГП „Ќафасан“

Скопје, 11 јануари 2026 (МИА) - Од 09:00 часот утрово е укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“ што беше воведена синоќа во 21:00, информира ЈП „Македонија пат“.

Претходно беше соопштено дека од 08:20 часот утрово е укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража што беше воведена ноќеска во 00:25. мч/

фото: МИА

Остани поврзан