• петок, 05 декември 2025

Уапсен кумановец, оштетил споменици на градските гробишта

Уапсен кумановец, оштетил споменици на градските гробишта

Куманово, 21 ноември 2025 (МИА) - Полицијата уапси четириесет и двегодишен кумановец кој се сомничи за оштетување споменици на градските гробишта.

- Вчера во 12:20 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Б. (42) од Куманово. Тој се сомничи дека оштетил споменици на градски гробишта во Куманово, соопшти полицијата.

М.Б. бил приведен во полициска станица и по целосното документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. ам/вј/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан