• среда, 25 декември 2024

Тројца убиени на Западниот Брег во израелска операција

Тројца убиени на Западниот Брег во израелска операција

Тел Авив, 24 декември 2024 (МИА) – Три лица беа убиени денеска во израелска воена операција во Тулкарем на Западниот Брег.

Министерството за здравство во Рамала ја потврди смртта на две жени, на возраст од 30 и 53 години и еден 18-годишен маж во израелски напад. Очевидци пријавиле напад со дрон.

Израелската војска соопшти дека нејзините сили биле на антитерористичка мисија во Тулкарем кога војниците „убиле терорист во битка лице в лице“.

Вкупно 18 барани лица се уапсени во текот на ноќта на Западниот Брег, се вели во соопштението, пренесува ДПА.

Затегнатата ситуација на Западниот Брег значително се влоши по нападите на палестинската милитантна група Хамас на 7 октомври 2023 година, кои резултираа со војна во Газа.

Оттогаш, 788 Палестинци се убиени на Западниот Брег во израелски воени операции, вооружени судири и напади на екстремисти, соопшти локалното Министерство за здравство. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан