• петок, 05 декември 2025

Тринаесет загинати и 24 повредени откако автобус падна во река во Камбоџа

Тринаесет загинати и 24 повредени откако автобус падна во река во Камбоџа

Пном Пен, 20 ноември 2025 (МИА) - Најмалку 13 лица загинаа, а уште 24 се повредени кога автобус што се движел кон главниот град на Камбоџа, Пном Пен удрил во мост, се превртел и паднал во поток рано во четврток, соопштија медиумите, повикувајќи се на полицијата.

Несреќата се случила во округот Сунтук во централната покраина Кампонг Том. Шефот на сообраќајната полиција, полковник Прум Чантол, изјави дека во него имало 37 патници, повеќето од нив мажи градежни работници кои се движеле кон Пном Пен.

Шантол рече дека се чини дека 19-годишниот возач заспал на воланот. Возачот е меѓу повредените. мс/сд/

фото: Мапа

Остани поврзан