Тренерот на Синер: Една од нашите први цели беше да најдеме начин да го победиме Медведев
- Еден од тренерите на светскиот тенисер број еден, Јаник Синер - Симоне Вагнози, откри кога сфатил дека Италијанецот е на вистинскиот пат до успехот.

Рим, 19 април 2025 (МИА) - Еден од тренерите на светскиот тенисер број еден, Јаник Синер - Симоне Вагнози, откри кога сфатил дека Италијанецот е на вистинскиот пат до успехот.
-Никогаш не се сомневав. Но, реализацијата дојде во Пекинг во 2023 година, кога го победи Алкараз и веднаш потоа Медведев. Таму го видов како прави работи што никогаш претходно не ги правел, особено на мрежата. Една од првите цели што ги поставивме беше да најдеме начин да го победиме Медведев, ја цитира „Пунто де Брејк“ изјавата на Вагнози.
Помеѓу 2020 и 2023 година Даниил Медведев ги доби сите шест натпревари против Синер. Моменталниот резултат е 8-7 во корист на италијанскиот тенисер.
Синер (23) во кариерата има освоено 20 АТП титули. Тој освои три Гренд слем титули во сингл и исто така го освои АТП финалето во 2024 година. дс
Фото: Архива