• недела, 28 април 2024

Тошковски: Отворање на граничен премин кај Маркова нога ќе биде од значење за развивање на туризмот

Тошковски: Отворање на граничен премин кај Маркова нога ќе биде од значење за развивање на туризмот

Скопје, 20 април 2024 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во текот на денешниот ден оствари работни посети на Одделението за внатрешни работи Ресен, Полициската станица за граничен надзор Маркова Нога и Секторот за внатрешни работи Битола.

-ОВР Ресен заедно со управните служби функционира во реновиран објект и во тој контекст се истакнува грижата на вработените во овие организациски единици кои одржуваат добри услови за работа. Безбедносната состојба на ова подрачје е стабилна без посериозни нарушувања на јавниот ред и мир, а од страна на раководството без информиран дека се истакнува добрата соработка со граничната полиција при секојдневното постапување во подрачјата кои се во близина на граничната линија, подвлече министерот Тошковски.

ПС за ГН Маркова Нога покрива дел од јужната гранична линија кон Грција каде не се забележува прекуграничен криминал и илегална миграција и бев запознаен дека веќе е започнато спроведувањето на заеднички проект со Грција во рамки на развивањето на прекуграничната соработка кој опфаќа отворање на граничен премин кој ќе биде од значење за развивање на туризмот во овој дел, а финансиски е поддржан од ИПА, соопшти МВР.

-СВР Битола е сектор кој покрива најголема територија од сите сектори во државата на која живеат околу 270.000 жители. Од страна на раководството бев информиран дека особено во полициската станица Битола се соочуваат со сериозен недостаток на кадар потребен за ефикасно справување со безбедносните предизвици, а лоша е состојбата и во делот на опременоста со возила. Во поглед на претстојните избори СВР Битола постапува во три различни изборни единици и ги презема сите неопходни мерки за организирање на безбедни избори. Во таа насока сакам да напоменам дека полициските службеници ќе постапуваат еднакво кон секој ќе се обиде да го наруши изборниот процес и најстрого ќе се санкционираат било какви активности поврзани со изборни нерегуларности, истакна министерот Тошковски. нд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан