Телефонски разговор на Марк Рубио со генералниот секретар на НАТО
- Американскиот државен секретар Марко Рубио телефонски разговараше со генералниот секретар на НАТО Марк Руте и ја истакна посветеноста на САД кон Алијансата и нејзината континуирана важност за меѓународната безбедност, соопшти денеска Стејт департментот.

Вашингтон, 24 јануари 2025 (МИА) - Американскиот државен секретар Марко Рубио телефонски разговараше со генералниот секретар на НАТО Марк Руте и ја истакна посветеноста на САД кон Алијансата и нејзината континуирана важност за меѓународната безбедност, соопшти денеска Стејт департментот.
Рубио и Руте разговарале во средата за важноста да се има способни одбранбени сојузници и вистинско споделување на товарот, се вели во соопштението.
Тие разговараа за важноста да се стави крај на војната на Русија против Украина и потребата од мирно решение, посочува Стејт департментот. ссм/
фото: архива