Струмички „Комуналец“ исчисти дива депонија на патот Струмица-Валандово
- Струмички „Комуналец“ исчисти дива депонија лоцирана на излезот од Струмица на патот кон Валандово, која и покрај чистењата од порано повторно беше затрупана со отпад.
Струмица, 22 декември 2025 (МИА) - Струмички „Комуналец“ исчисти дива депонија лоцирана на излезот од Струмица на патот кон Валандово, која и покрај чистењата од порано повторно беше затрупана со отпад.
Како што информираа од ЈПКД „Комуналец“, оваа активност претставува дел од континуираните напори на претпријатието насочени кон унапредување на јавната хигиена, заштита на животната средина и подобрување на севкупниот квалитет на живеење на граѓаните.
-ЈПКД „Комуналец“ и во наредниот период ќе продолжи со реализација на вакви и слични теренски активности, со зголемен интензитет и редовен надзор на критичните локации, со цел навремено спречување на појавата и повторното создавање на диви депонии, се наведува во информацијата објавена на нивната фејсбук страница.
Од струмичкото комунално претпријатие упатубваат апел до сите граѓани да ги користат исклучиво предвидените локации и контејнери за одлагање отпад, да не придонесуваат за создавање на диви депонии, да постапуваат одговорно и совесно кон животната средина, бнидејќи само преку заедничка соработка и подигната еколошка свест може да се обезбеди почиста, поздрава и поуредна околина за сите.рт/вј/
Фото: ЈПКД „Комуналец“