• петок, 21 февруари 2025

Стефковски: Три години мандат - НУЛА денари трошоци за репрезентација

Стефковски: Три години мандат - НУЛА денари трошоци за репрезентација

Скопје, 21 јануари 2025

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски вети отчетно, транспарентно и домаќинско работење и изминатите три години тоа го покажа на дело.

Во објава на социјалните мрежи, градоначалникот Стефковски информира дека во изминатите 3 години од мандатот не се потрошени ниту еден денар средства од буџетот на општина Гази Баба за репрезентација, службено возило за градоначалникот и дневници за патувања во странство.

Да се биде градоначалник значи посветено да се служи на народот, а не да се користи како можност за трошење на средствата од буџетот за лични привилегии. На првиот работен ден од мојот мандат за градоначалник се откажав од користење на службено возило, средства за репрезентација и дневници за патувања во земјата и надвор од неа. Довербата од граѓаните за мене значи чест, а пред и над се одговорност – пишува градоначалникот Стефковски.

Оваа пракса на некористење на буџетски средства за непродуктивни трошоци е воведена со доаѓањето на Стефковски за градоначалник на општина Гази Баба.

Општина Гази Баба

______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото општина Гази Баба

Остани поврзан