Стефковски: Дојавите за бомба во 10 училишта во Гази Баба се лажни
- Утрово во 10 општински основни училишта на територија на општина Гази Баба пристигна дојава за поставена бомба.

Скопје, 7 февруари 2025
Почитувани,
Утрово во 10 општински основни училишта на територија на општина Гази Баба пристигна дојава за поставена бомба.
Веднаш по примените дојави, училиштата согласно утврдените протоколи пријавиле во полиција, часовите беа прекинати, а учениците заедно со наставниците оддалечени на безбедно надвор од училиштата.
Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски по информациите добиени од директорите, разговараше со надлежните институции кои веднаш превземаа активности за извршување на соодветни проверки по што беше утврдено дека се работи за лажни дојави.
Тимови од Министерството за внатрешни работи извршија соодветни проверки во сите Основни училишта во Гази Баба каде утрово пристигнаа дојави за бомби и е утврдено дека се работи за лажни дојави.
Благодарност до Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и до полициските службеници за брзата реакција и експресното спроведување на безбедносните проверки.
Во оние училишта каде има настава во втора смена, истата ќе се одвива согласно предвидените распореди за оддржување настава.
Благодарност и до родителите за соработката, трпението и разбирањето кое го имаа ова утро. – напиша градоначалникот Стефковски на социјалните мрежи.
Општина Гази Баба
Фото: МИА архива
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.