• сабота, 22 февруари 2025

Стефаноска и Спахиу разговараа за заедничката промоција на македонските туристички дестинации за албанските туристи

Стефаноска и Спахиу разговараа за заедничката промоција на македонските туристички дестинации за албанските туристи

Тирана, 13 февруари 2025 (МИА) - Претставници од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, предводени од директорката Билјана Стефаноска,  денеска остварија работна средба со Љуфтим Спахиу, вршителот на должноста амбасадор, во просториите на македонската амбасада во Тирана.

На средбата се разговарало за заедничката промоција и зголемената побарувачка за македонските туристички дестинации од страна на потенцијалните албански туристи.

Оценето е дека албанските туристи го посетуваат охридското крајбрежје, мавровско -  дебарскиот крај и културните знаменитости на регионот, но и семејните врски се нераскинлив дел од посетата.

-Ставот на инволвираните туристички професионалци од регионот е дециден, само со приоретизирање на одржливоста, регионот може да поттикне меѓусебната поврзаност, подобрување на глобалната привлечност и безбедна долгорочна одржливост на конкурентниот пазар, објави Македонската амбасада.вт/вј/

Фото: Амбасада на РС Македонија во Тирана

 

Остани поврзан