• сабота, 22 февруари 2025

Стармер се среќава со Шолц во Лондон в недела

Стармер се среќава со Шолц во Лондон в недела

Лондон, 31 јануари 2025 (МИА) – Британскиот премиер Кир Стармер в недела во Лондон ќе се сретне со германскиот канцелар Олаф Шолц, а се очекува двајцата да разговараат за Украина и Блискиот Исток.

Разговорите доаѓаат пред парламентарните избори во Германија, кои треба да се одржат на 23 февруари.

Покрај Шолц, Стармер во „блиска иднина“ се очекува да се сретне и со американскиот претседател Доналд Трамп, со кого телефонски разговараше претходно оваа недела. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан