Српски АНЕМ: Драстично влошување на медиумската ситуација во Србија во 2025 година
- Меѓу петте работи што ја одбележаа медиумската сцена во Србија во 2025 година, АНЕМ ги истакнува рекордниот број закани, притисоци и напади врз новинари, кофинансирањето на проектите на медиумските содржини со низа контроверзни одлуки, година без Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ), протестите против Радио и телевизија на Србија (РТС) и „турбуленциите“ во и околу компанијата „Јунајтед Медиа“.
Белград, 2 јануари 2025 (МИА) - Српското Здружение на независни електронски медиуми (АНЕМ) денеска оцени дека во 2025 година е забележано драстично влошување на состојбата со медиумите во Србија според неколку критериуми.
„Годината 2025 година беше доста стресна за сите медиумски работници и засега нема индикации оваа година дека ќе биде подобра и поинаква, имајќи ја предвид нагорната траекторија на негативниот тренд во однос на безбедноста на новинарите, слободата на говорот, кофинансирањето на проектите на медиумските содржини, независната работа на регулаторните тела и надлежните институции“, се вели во соопштението.
Меѓу петте работи што ја одбележаа медиумската сцена во Србија во 2025 година, АНЕМ ги истакнува рекордниот број закани, притисоци и напади врз новинари, кофинансирањето на проектите на медиумските содржини со низа контроверзни одлуки, година без Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ), протестите против Радио и телевизија на Србија (РТС) и „турбуленциите“ во и околу компанијата „Јунајтед Медиа“.
Зборувајќи за заканите и нападите врз новинари, тие наведоа дека сите записи укажуваат дека 2025 година била рекордна година по бројот на закани, притисоци и физички напади врз новинари, новинарки, сниматели, фотографи и други ангажирани во медиумите, и дека повеќе од 370 случаи на загрозување на безбедноста на медиумските работници се евидентирани во базата на податоци на Независното здружение на новинари на Србија.
„Во исто време, ова не е ниту вистинската слика, бидејќи голем број закани и напади не се пријавуваат поради страв и недоверба кон институциите. Само до крајот на ноември, во обвинителствата беа поднесени 117 случаи, што е за 112 отсто повеќе отколку во 2024 година. Изречени се само две пресуди. Во 50 случаи, се уште се чекаат полициски известувања за да може обвинителството да продолжи понатаму“.
Според AНЕМ, новинарите и медиумските работници не само што биле нападнати од непознати лица, туку во неколку десетици случаи биле мета и на припадници на полицијата - „ биле тепани или на друг начин спречени да ја вршат својата работа на јавни места“.
Кога станува збор за кофинансирање на медиумски содржини од проекти, АНЕМ наведува дека во последните неколку години предизвикала низа реакции и привлекување внимание кон неправилности, нетранспарентност на процесот и распределба на средствата на медиумите според „политички клуч“, како и дека во 2025 година таков тренд „не само што продолжил, туку целиот процес, ако ги погледнеме резултатите, е речиси бесмислен“.
На крајот од 2025 година, регистарот на медиуми во Агенцијата за деловни регистри има вкупно 2.262 медиуми, што е за 80 повеќе од периодот пред 12 месеци, кога официјално биле регистрирани 2.182 јавни гласила. зш/ссм/