• петок, 05 декември 2025

Средношколци од Велес ќе учествуваат на едукативниот настан „Имам став!“ во Собранието

Средношколци од Велес ќе учествуваат на едукативниот настан  „Имам став!“  во Собранието

Скопје, 5 ноември 2025 (МИА) - Едукативна активност „Имам став!“ за ученици од средните училишта ќе се одржи денеска во Собранието на Република Северна Македонија, во организација на Парламентарниот институт.

Едукативната активност „Имам став!“ претставува симулација на процесот на разгледување предлог-закон во рамките на Собранието. Учесници на настанот ќе бидат средношколци од СОУ „Кочо Рацин “ во Велес. 

-Целта е приближување на работата на Собранието и процесот на донесување закони до младата популација, што ќе придонесе за развивање на нивната свест за демократијата и ќе ги поттикне и подготви за општествена и политичка критичност и вклученост, соопшти собраниската прес-служба. хс/са/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан