Средба на Управниот одбор на ЗЕЛС со министерката за финансии
- Управниот одбор на Заедница на единиците на локалната самоуправа Скопје на Република Северна Македонија (ЗЕЛС) денеска ќе ја одржи 24 седница, на која на покана од ЗЕЛС ќе присуствува и министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска.

Скопје, 7 февруари 2025 (МИА) - Управниот одбор на Заедница на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) денеска ќе ја одржи 24 седница, на која на покана од ЗЕЛС ќе присуствува и министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.
Како што соопштија од ЗЕЛС, во согласност со новиот Меморандум за соработка потпишан меѓу Владата на РСМ и ЗЕЛС (август, 2024 година) ќе се дискутира за натамошниот развојот на фискалната децентрализација во нашата земја, за можностите за јакнење на финансиската стабилност на општините и за потребата од ревидирање на методологиите за распределба на блок дотациите што централната власт им ги префрла на општините за спроведување на одредени надлежности, меѓу кои за: образованието, за градинките, за противпожарната заштита и друго.
Управниот одбор на ЗЕЛС на оваа седница ќе дискутира и за други актуелни прашања во локалната самоуправа. дма/са/
Фото: МИА архива