• четврток, 11 декември 2025

Средба на Стерјовски со Ана Јунгнер-Нордгрен во Брисел

Средба на Стерјовски со Ана Јунгнер-Нордгрен во Брисел

Дебар, 20 ноември 2025 (МИА) - Лидерот на единствената македонска партија, Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски во Брисел остварил средба со Ана Јунгнер-Нордгрен, претседателка на европската Мрежа за промоција на лингвистичка разновидност со седиште во Брисел.

-Чест ми беше да се сретнам со Ана Јунгнер-Нордгрен, со која разговаравме за нови иницијативи што ќе придонесат за силна и видлива промоција на македонскиот јазик во Албанија, информира Стерјовски.

Се заложивме, додава, со заеднички напори да продолжиме да работиме за видливост, признавање и зајакнување на македонскиот јазик, како дел од богатото културно наследство на Европа.

Неодамна тој во Леуварден, Холандија се сретна со европратеничката Ракел Гарсија Хермида-Ван дер Вале, голем поддржувач на правата на малцинствата во Европскиот парламент. 

На средбата ја запознал со положбата на македонското малцинство во Албанија, и со предизвиците со кои се соочува во зачувувањето на својот идентитет, јазик и култура. вт/мч/

Фото: ФБ на Стерјовски  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан