• петок, 05 декември 2025

Средба на градоначалниците од струмичко - меѓуопштинската соработка има важна улога во развојот на регионот

Средба на градоначалниците од струмичко - меѓуопштинската соработка има важна улога во развојот на регионот

Струмица, 4 ноември 2025 (МИА) - Градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, заедно со градоначалниците од Ваасилево, Славе Андонов, Босилово, Ристо Манчев и на Ново Село, Ѓорѓе Божинов, на заедничка средба разговараа за желбата и потребата од заедничка визија за развој, работа и просперитет на Струмичкиот регион, информираа денеска од Општина Струмица.

Во информацијата се наведува дека меѓуопштинската соработка има важна улога во развојот на регионот чиј прогрес носи бенефит за граѓаните и локалната заедница.

-Препознавајќи ја оваа врска и потврдувајќи дека граѓаните и нивните потреби секогаш ќе бидат негов приоритет, градоначалникот Петар Јанков денеска оствари средба со реизбраните градоначалници на соседните општини Василево, Босилово и Ново Село, стои во информацијата.

Се додава дека ги повикале граѓаните на соработка и поддршка во реализацијата на идеи и проекти, затоа што само со заедничка работа се добиваат најдобри резултати.

Инаку, како што објави градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев, на работната средба се разговарало за решавање на проблемот со дивите депонии во регионот, јавен превоз на ниво на целиот Струмички регион, локалниот пат Струмица- Просениково- Сарај, Гечерлија- Хамзали како приоритет, регионална туристичка понуда за побрз развој, унапредување на меѓуопштинската соработка и размена на идеи, искуства и предлози за развој на струмичкиот регион. рт/дма/

Фото: Општина Струмица

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан