Според партиски извори Ѓоко Камчев е нов градоначалник на Валандово
- Според податоци од сите 24 избирачки места од изборниот штаб на ВМРО - ДПМНЕ и коалицијата во Валандово нивниот кандидат Ѓоко Камчев е новиот градоначалник на оваа општина.
Валандово, 2 ноември 2025 (МИА) - Според податоци од сите 24 избирачки места од изборниот штаб на ВМРО - ДПМНЕ и коалицијата во Валандово нивниот кандидат Ѓоко Камчев е новиот градоначалник на оваа општина.
Камчев има предност од околу 250 гласови пред кандидатот на СДСМ и коалицијата, Перо Костадинов, кој се бореше за трет градоначалнички мандат. рт/дма/
Фото: МИА архива