• петок, 05 декември 2025

Сообраќајот се одвива непречено, нема подолги задржувања на границите

Сообраќајот се одвива непречено, нема подолги задржувања на границите

Скопје, 20 ноември 2025 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по влажни коловози, а интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Авто мото сојузот на Македонија апелира до возачите да ја прилагодат брзината на движење и внимателно да возат особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Во земјава од 15 ноември на сила е и задолжителното носење на зимска опрема во возилата. бак/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан