• недела, 11 јануари 2026

Сообраќајот без застои, магла на повеќе патни правци низ државата

Сообраќајот без застои, магла на повеќе патни правци низ државата

Скопје, 20 декември 2025 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради магла од 100 до 200 метри има од Скопје-Велес-Неготино-Д.Капија и магла со видливост до 50 метри има на Буково-Ѓавато-Ресен и Дебар.

На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонија пат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. аа/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан