• четврток, 04 декември 2025

Собранието ќе ја продолжи 72. седница, на дневен ред измените на законите за основно и средно образование

Собранието ќе ја продолжи 72. седница, на дневен ред измените на законите за основно и средно образование

Скопје, 4 декември 2025 (МИА) - Собрание на Република Северна Македонија денеска треба да ја продолжи 72. пленарна седница.

Пред пратениците на денешната пленарна седница се Прeдлог на одлуката за избор на директор на Агенцијата за заштита на личните податоци, Предлог на законот за ратификација на Договорот за соработка во областа на одбраната помеѓу Владата на Француската Република и Владата на Република Северна Македонија и Предлог на одлуката за изменување на Одлуката за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива (ПД ЦЕИ).

На дневен ред на оваа седница по скратена постапка се Предлог на законот за изменување на Законот за финансиска поддршка на инвестиции, Предлог на законот за изменување на Законот за средното образование и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за основното образование, по скратена постапка. фф/вг/

Фото: МИА Архива

 

 

Тагови

Остани поврзан