• четврток, 25 декември 2025

Божиќна честитка од претседателот на Собранието Гаши до католичките верници

Божиќна честитка од претседателот на Собранието Гаши до католичките верници

Скопје, 25 декември 2025 (МИА) - Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Африм Гаши во име на законодавниот дом им го честита празникот Божиќ на католичките верници во државава. 

-Божиќните празници носат пораки на мир, солидарност, човечност и меѓусебно почитување, вредности кои се темел на секое демократско и мултиетничко општество. Токму преку заемно разбирање, почитување на различностите и заедничка посветеност кон општото добро, ја градиме стабилноста и иднината на нашата држава. Ви посакувам празничните денови да ги поминете во добро здравје, семејна топлина и спокој, со надеж и оптимизам за годината што претстои. Среќен Божиќ, напиша Гаши во честитката. хс/вј/ 

Фото: МИА архива 

Остани поврзан