• недела, 28 април 2024

Со полициски хеликоптер пренесен македонски државјанин од Унгарија до Скопје

Со полициски хеликоптер пренесен македонски државјанин од Унгарија до Скопје

Скопје, 20 април 2024 (МИА) - Денеска по добиено барање од ЦУК, со полициски хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици, од Сегедин, Унгарија до Скопје е пренесен македонски државјанин кој доживеал мозочен удар на 18 април за време на службен пат во Унгарија.

Како што соопшти МВР, тој е пренесен на скопскиот клинички центар „Мајка Тереза“.

Oва е втор пат да се извршува ваков вид воздухопловен транспорт од Сегедин до Скопје со хеликоптер на Министерството за внатрешни работи, откако и на 11 април беше успешно реализирана ваква акција. нд/

Остани поврзан