• петок, 05 декември 2025

Со донаторство и барање законски измени, во Прилеп одбележан Светскиот ден на предвреме родени деца

Со донаторство и барање законски измени, во Прилеп одбележан Светскиот ден на предвреме родени деца

Прилеп, 17 ноември 2025 (МИА)  - Од 7 до 9 проценти од годишно родените бебиња во Прилеп се предвремено родени и ним им се потребни континуирана грижа, современа апаратура и стручна медицинска помош да го стигнат текот на животот со другите деца, е констатацијата од денешното одбележување на 17 ноември, Светскиот ден на предвреме родените деца што преку хуманитарен настан за прибирање средства се одржа во прилепската болница.

- Бројни се причините за предвременото раѓање, надворешни и здравствени причини поврзани со родилката. Родените пред 34 гестациска недела се предвремено родени. Даваме соодветна медицинска помош, а дел се транспортираат на клиниките во Скопје. Имаме соодветни услови во болницата. Од 400 до 500 раѓања годишно, имаме 30 до 40предвремено родени, вели д-тр Билјана Кржеска, началник на гинеколошко-акушерското одделение при прилепската болница.

За предвреме родените деца влијае и начинот на живот.

-Процентот од 7 до 9 одсто предвремено родени деца е на светско ниво. Начинот на живот, состојбата на родилката и промените во текот на бременоста може да придонесат за предвремено породување,вели педијатарот д-р Лилјана Христоска.

Унијата на жени при ОК на ВМРО-ДПМНЕ четврта година учествува на хуманитарната акција. Годинава донираше  монитор за следење на состојбата на детето.

-Мониторот е наменет за најмалите, најхрабрите борци, предвреме родените дечињан и е наменет заследење на виталните параметри на новороденчињата, изјави пратеничката Билјана Кузманоска.

Данче Оклеска, мајка на предвреме родено дете од Здружението на мајки од Прилеп е благодарна на секоја грижа и донација зашто во холот од прилепската болница многу фирми имаа продажни штандови, а средствата се наменети за предреме родените деца. Се бараат и законски измени.

- Бараме државата да направи законски измени и да се овозможи родилката да добие подолго породилно отсуство на предвремено родено дете кое со месеци останува во инкубатор, само без мајчиното присуство и грижа, рече Оклеска.ем/лв/

фото извор МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан