• петок, 05 декември 2025

Со викенд акција струмички „Комуналец“ ги исчисти булеварите и пет улици во центарот на градот

Со викенд акција струмички „Комуналец“ ги исчисти булеварите и пет улици во центарот на градот

Струмица, 10 ноември 2025 (МИА) - Со викенд акцијата струмички „Комуналец“ ги исчисти и изврши миење на булеварите „Маршал Тито“, „Ленинова“, „Гоце Делчев“ како и улиците „Балканска“, „Маршал Тито“, „Гоце Делчев“, „Сандо Масев“ и „Невена Стојкова“, соопштија денеска од комуналното претпријатие.

Оттаму упатија апел до сите граѓани за посовесно однесување и оставање на кабастиот отпад исклучиво во пластични вреќи во контењерите.

-Секој друг вид на отпад од домаќинствата-градежен шут, делови од покуќнина, треви и гранки од дрвја да не се оставаат по тротоарите туку да се пријави на бројот 13-110 и во договор со службите тој ќе биде подигнат од пријавеното дворно место, се наведува во соопштението.

Се додава дека со секојдневно присуство и акции на терен и со одговорното однесување на сите граѓани секојдневно треба да се подобрува сликата за почисти и поуредени улици низ Општина Струмица. рт/дма/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан