• вторник, 30 декември 2025

Скопјани должат 36 милиони евра по основ на даноци, Град Скопје апелира обврските да се платат во најкраток рок

Скопјани должат 36 милиони евра по основ на даноци, Град Скопје апелира обврските да се платат во најкраток рок

Скопје, 9 декември 2025 (МИА) - Граѓаните и компаниите по основ на даноци и такси должат кон Град Скопје над 36 милиони евра, информира денеска градската администрација. 

Оттаму ги повикуваат сите даночни и такси обврзници кои немаат платено данок на имот, данок на промет, данок на наследство и подарок и комунална такса-фирмарина, да ги подмират обврските во најкраток временски рок.

Увид во долгот и електронска уплата може да се изврши преку електронската платформа на Град Скопје: https://danoci.skopje.gov.mk/gskopje/root/public/login.xhtml.

Од Градот посочуваат и контакт телефони на кои може да се јават граѓаните за повеќе информации. 

за данок на имот: 072/204-434 и 02/3207-546 како и е-маил адресите: anitan@skopje.gov.mk, nuredin.nuredin@skopje.gov.mk,
за данок на промет, наследство и подарок: : 02/3297-298 и 02/3297-296 како и е-маил адресата: biljana.manakoska@skopje.gov.mk,
за комунална такса-фирмарина:  02/3297-314 како и е-маил адресата: angelina.gievska@skopje.gov.mk, и
за даночно сметководство: 02/3297-298 и 02/3297-296, како  и на е-маил адресата: katerina.donev@skopje.gov.mk. 

Уплатата на данокот може да се изврши и на шалтерите на Град Скопје кои работат секој работен ден од 8 до 19 часот и во сабота на 13 декември. бак/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан