• среда, 25 март 2026

Сириец осуден на 13 години затвор за напад врз турист во Споменикот на холокаустот во Берлин

Сириец осуден на 13 години затвор за напад врз турист во Споменикот на холокаустот во Берлин

Берлин, 5 март 2026 (МИА) - Сириец е осуден на 13 години затвор за напад врз шпански турист во Споменикот на холокаустот во Берлин минатата година, соопшти вчера Вишиот регионален суд во Берлин, јави ДПА.

Обвинетиот е прогласен за виновен за обид за убиство и обид за членство во странска терористичка организација.

Обвинителите опишаа дека нападот бил мотивиран од радикален исламизам и антисемитизам.

Шпанската жртва на 21 февруари лани го посетила местото, што е во спомен на шестте милиони Евреи убиени од нацистичка Германија во холокаустот, кога бил избоден во грб. Тој претрпел повреди опасни по живот и морал да се подложи на итна операција.

Обвинетиот, сириски бегалец, бил приведен со крвави раце во близина на споменикот по нападот, потсетува ДПА.сд/ми/

Фото: Меморијален центар

Остани поврзан