• сабота, 04 јануари 2025

СЗО загрижена поради бавното темпо на медицинска евакуација од Газа

СЗО загрижена поради бавното темпо на медицинска евакуација од Газа

Женева, 2 јануари 2025 (МИА) - Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус изрази загриженост поради „бавното темпо на итна медицинска евакуација на пациентите од Газа“.

Тој истакна дека евакуацијата на 12.000 пациенти на кои им е потребно лекување со сегашната брзина може да потрае од пет до 10 години.

- Само 5.383 пациенти се евакуирани од октомври 2023 година, вклучувајќи само 436 од затворањето на преминот Рафа, напиша тој на X и додаде:  „Го повикуваме Израел да ги забрза и прошири одобренијата за медицинска евакуација и да ги отвори сите премини“.

Шефот на СЗО ги повика и сите земји да ги примат пациентите и да им ја пружат потребната медицинска нега. јт/

Остани поврзан